Илјадници демонстранти во Мадрид побараа ставање крај на монархијата

Од:

Повеќе од осум илјади демонстранти се собраа на централниот плоштад „Пуерта дел сол“ во Мадрид, повикувајќи за воспоставување република во Шпанија и ставање крај на монархијата, чиј углед е разнишан по серијата скандали изминатите години.

Демонстрантите како и секоја година се обединија под мотото „Долу режимот на монархијата, за Трета република“, одбележувајќи ја годишнината од републиката, прогласена на 14 април 1931 година, која беше проследена со 40-годишната диктатура на Франко по граѓанската војна (1936-1939 година).

Spain Anti Monarchy

Генералот Франсиско Франко го назначи кралот Хуан Карлос за свој наследник на чело на државата, кој ја зазеде таа позиција по смртта на диктаторот во 1975 година.

Популарноста на Хуан Карлос се намали изминатите месеци поради доказите за корупција на неговиот зет Инаки Урдангарин, сопруг на шпанската принцеза Кристина Федерика. Седумдесет и пет годишниот монарх беше критикуван и за учеството во луксузно сафари во екот на финансиската криза во Шпанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски