Илјадници демонстранти се собраа во Њујорк против договорот со Иран

Од:

Илјадници демонстранти се собраа денеска на њујоршкиот плоштад „Тајмс сквер“, протестирајќи против договорот за иранската нуклеарна програма, јави ТАСС.

Учесниците на протестот под наслов „Стоп за Иран“ се убедени дека договорот нема да го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје и бараат Конгресот да го отфрли документот.

Според демонстрантите администрацијата на претседателот Барак Обама ја игнорира демократијата, постигнувајќи договор, откако преговараше со Техеран без учество на Конгресот, тврди адвокатот Алан Дершовиц.

Околу плоштадот има засилено полициско присуство, иако протестот засега минува мирно и без инциденти.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас