Речиси 1.000 ирачки курдски борци загинале од јуни минатата година досега во судирите со џихадистите на групата Исламска држава (ИД), изјави денеска висок воен официјален претставник.
Генералниот секретар при Министерството на ирачкиот Курдски регион задолжен за Пешмерга-борците, Џабар Јавар истакна дека 999 курдски борци загинале, а 4.569 се повредени, од 10 јуни минатата година до вчера во судирите со џихадистите на ИД.
Командата на коалициските сили соопшти дека САД и нивните коалициски партнери во изминатите 24 часа извршиле 11 воздушни напади врз сирискиот град Кобане, каде курдската милиција се бори со припадниците на ИД.