Илегални имигранти загинаа при бродолом кај италијанскиот остров Лампедуза

Од:

Неколкумина илегални имигранти загинаа, а околу 200 се спасени денеска при потонување на бродот со кој тие патувале, јужно од италијанскиот остров Лампедуза.

Според италијанските медиуми, спасувачките чамци на крајбрежната стража веќе извадиле неколку тела од морето.

Спасувачката операција се уште трае и засега не е познат точниот број на загинатите.

Телевизискиот канал „Скај Ти-Џи 24“ објави дека на бродот се наоѓале околу 400 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески