Илегална левичарска група презеде одговорност за нападот врз Амбасадата на САД во Анкара

Од:

Турската илегална левичарска милитантна група Револуционерна партија-фронт за народно ослободување (ДХКП-Ц) денеска презеде одговорност за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад врз Американската амбасада во Анкара, при што загинаа две лица.

– Нашиот борец Алисан Санли на 1 февруари 2013 година се жртвуваше влегувајќи во Амбасадата на САД, кои убиваат луѓе ширум светот, се нведува во соопштението објавено на интернет сајтот на ДХКП-Ц.

Претходно, и турските власти инфромираа дека напаѓачот бил припадник на ДХКП-Ц, но не го соопштија неговото име.

Турските медиуми, меѓутоа објавија дека напаѓачот е идентификуван како Еџевит Шанли, кој престојувал во затвор од 1997 до 20023 година, поради напади врз полициска станица во Истанбул и врз воениот комплекс Харбија. Тој бил ослободен од затвор условно.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски