ИКАО разгледува барање на Катар за анализа на воздушната блокада од соседни држави

Од:

Меѓународната организација за цивилна авијација (ИКАО – ICAO) ќе ја разгледа молбата на Катар да ги анализира ограничувањата врз летови воведени од соседни држави како дел од дипломатски спор во регионот.

Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин ги прекинаа дипломатските односи и воведоа санкции за Катар со обвинување за помагање на тероризам. Тие ги прекинаа и поморските и авионски врски во Катар.

ИКАО наведува дека ќе биде домаќин на разговори со министри и високи претставници од Катар, ОАЕ, Саудиска Арабија, Бахреин и Египет денеска за да се изнајде решение „засновано на консензус“.

Канцелариите на Катар ервејз во Саудиска Арабија и во ОАЕ се затворени, а лиценцата на компанијата е одземена. На 14 јуни саудиските власти појаснија дека ембаргото ги засега сите катарски авиокомпании и авиони регистрирани во државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он