Играчките за деца најчесто пријавувани како опасен производ на европскиот пазар

Од:

Европската комисија денеска го презентираше извештајот за заштита на безбедноста на потрошувачите и производите на европскиот внатрешен пазар, земјите на ЕУ генерално бележат напредок во надзорот и реактивноста, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Според податоците од земјите членки на ЕУ, секоја година националните власти преземаат повеќе и поефикасни мерки за справување со лажни и небезбедни производи кои влегле на пазарот на ЕУ, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс на прес конференција утрово.

Европската комисија воспостави служба за брза реакција која работи 24/7 каде се пријавуваат производи кои не се во согласност со пазарните стандарди на Европската унија.

Лани пријавени се 4477 производи, претходната година биле 4050.

Освен земјите членки на ЕУ, во овој систем учествуваат Обединетото Кралство, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Во споредба со 2015 година, стапката на пријавени опасни производи е зголемена за 63 отсто.

Играчките за деца се најчесто пријавувани како опасни предмети, потоа моторните возила и електричните направи и опреми на трето место. Козметичките производи и модните парчиња се исто така високо на списокот, предупредува Комисијата.

Најчесто производите се пријавени затоа што предизвикале физичка повреда како скршеница, но пријавувани се и предмети поради нивните хемиски состојки, како и ризикот од гушење кај деца.

Властите најчесто реагирале со отстранување или уништување на производите.

Извештајот се однесува на 2019, но Европската Комисија информира дека од почетокот на оваа година пријавени се веќе бројни предмети поврзани за Ковид-19 како маски, дезинфекциски производи и слично, а властите веќе реагирале и за овие случаи кои ќе бидат дел од извештајот идната година.

-Како што видовме од извештајот за 2019, рекордно ниво на работа се врши за да се заштитат потрошувачите од опасни производи, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Би можело да ве интересира

Европејците штедат повеќе и трошат помалку поради кризата

А1он

Европската економија во сериозен нокдаун од пандемијата – што сè настрада досега?

А1он

Евростат: Во Бугарија и Франција има 60 отсто вонбрачно родени деца

Ана Ололовска

Меркел: Европа мора да покаже единство во време кога светот се реорганизира

А1он

Крамп-Каренбауер: Ако победи Бајден не значи дека Европа може да смета на Америка во областа на безбедноста

Ана Ололовска

Европските музеи губат 600.000 евра неделно поради пандемијата

Ана Ололовска