Игор Плотницки стапи на должност како претседател на самопрогласената Луганска народна република

Од:

Игор Плотницки официјално стапи на должност како претседател на самопрогласената Луганска народна република денеска, јави ТАСС.

Лидерот на проруските сепаратисти во источноукраинската област победи на изборите во неделата, кои беа признаени единствено од Русија.

Тој положи заклетва во салата на поранешниот локален совет во Луганск пред претставници на јавноста и на раководството на самопрогласената република, ветувајќи дека ќе го почитува нејзиниот устав и законите и „ќе му служи верно на народот“.

– Нашата цел е едноставна – народна власт. Ние сме слободни луѓе на родната земја. Веќе постигнавме многу, се ослободивме од олигарсите. Сега сите богатства на нашата земја, целиот индустриски и интелектуален потенцијал ќе се користат само во интерес на жителите на Луганск. Сите даноци остануваат тука, рече Плотницки.

Тој изрази намера да ги решава сите проблеми по мирен пат и да воспостави добрососедски односи со Украина. Киев и сите западни земји ги осудија изборите во областа како нелегитимни.

Би можело да ве интересира

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

ВИДЕО: Камион полн со празни ковчези снимен во Луганск

А1он

Британско Министерство за одбрана: Русите ја зајакнаа одбраната околу Кремина

А1он

Проруски лидер: Украина контролира еден отсто од Луганск

А1он

Украина: Вративме 12 населени места во Луганск

А1он

Продолжуваат жестоките борби во источна Украина

Катерина Ѓуровски