ИДИЛ тврди дека кај Тикрит заробила 4.500 ирачки војници

Од:

Џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот на својот налог на Твитер објави дека во провинцијата Салах ал Дин, северно од престолнината Багдад, заробила 4.500 ирачки војници, јави ДПА.

Во видео материјали објавени на ЈуТјуб од страна на приврзаници на ИДИЛ, чија автентичност засега не може да се потврди, се гледаат како колони од невооружени мажи во цивилна облека одат по автопатот. Гласови зад камерата велат дека тоа се војниците кои се предале во армиската база што се наоѓа на 15 километри од Тикрит.

Бунтовниците, воедно тврдат и дека ја опколиле најголемата нафтена рафинерија во Ирак во северниот град Бајџи.

Сунитските екстремисти во вторникот се доближија до Бајџи, а вчера упаднаа во градот, но подоцна се повлекоа во околните села, откако постигнаа договор со старешините на локалните племиња.

Очевидец, кој живее во куќа во близина на рафинеријата, за германската агенција изјави дека бунтовниците пристигнале со над 50 автомобили.

Претходно денеска властите соопштија дека ја контролираат рафинеријата.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел