Идентификуван напаѓачот од црквата во Тексас

Од:

Напаѓачот кој уби најмалку 27 луѓе во црква во во Баптистичка црква во градот Садерленд Спрингс, Тексас, е белец на возраст од околу 20 години, јави телевизиската мрежа Еј-Би-Си.

Телевизијата повикувајќи се на полициски извори наведува дека е извршена прелиминарна идентификација на напаѓачот и е откриено дека тој неодамна се „пофалил“ на Фејсбук со пушка која наликува на АР-15.

Според очевидци на инцидентот, напаѓачот истрелал повеќе од 30 куршуми од полуавтоматско оружје.

Напаѓачот мирно влегол во црквата за време на неделната служба и почнал да пука, при што уби 27 лица, а десетина се повредени. Во инцидентот убиен е и напаѓачот.

Се уште не е познат мотивот за нападот.

Истрагата за нападот ја спроведува ФБИ. Тоа е најсмртоносно масовно убиство во историјата на Тексас и најсмртоносен напад во некој верски објект во историјата на САД.

Нападот во Тексас се случи само еден месец откако 64-годишниот Стивен Педолк во Лас Вегас уби 58 луѓе, а повреди над 500 лица. Нападот на Педок досега е најсмртоносен во историјата на САД.

Заедно со нападот во Тексас, во последните десет години во САД во пет слични злосторства убиени се речиси 200 луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е на 12-дневна турнеја во Азија, изјави дека ја следи ситуацијата во Тексас.

– Бог нека биде со народот на Садарленд Спрингс. ФБИ и претставниците на законот се на лице место. Ја следам ситуацијата од Јапонија, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас