ИД зазеде уште еден град во ирачката провинција Анбар

Од:

Џихадистите од групацијата Исламска држава (ИД) зазедоа уште еден град во западната ирачка провинција Анбар, помалку од една недела откако воспоставија контрола врз нејзиниот главен град Рамади, изјави локален племенски лидер.

– Гратчето Хусејба падна во рацете на џихадистите синоќа, кога полицијата и племенските борци се повлекоа, откако повеќе немале муниција, изјави шеикот Рафи ал Фахдави.

– Не добивме никаква помош од Владата. Нашите луѓе се бореа до последен куршум и неколкумина од нив беа убиени, изјави тој.

Хусејба е на седум километри источно од Рамади, каде ИД ги победи ирачките сили минатата недела, во најголемата офанзива оваа година.

– Ситуацијата е исклучително критична. Џихадистите се на пет километри од стратешката воена база Хабанија, која сега е во голема опасност, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска