Според податоци на ОН, џихадистичката организација Исламска држава во тек на минатата година заработила помеѓу 35 и 45 милиони долари, од откуп за луѓето кои ги грабнале нејзините припадници.
Како што пренесе „Асошиејтед прес“, Лотсна Лалџи , експерт во ОН на состанокот на Антитетористичкиот комитет при Советот за безбедност во ОН изнела проценка дека на терористичките групации на име откупнина во периодот од 2004 до 2012 година им се исплатени вкупно 120 милиони долари. Таа истакна дека киднапирањето е клучна тактика за финансирање на Ал Каеда и потсети на снимката објавена во октомври 2012 година, во која лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири ги повикува милитантите да киднапираат државјани од Запад.
Според податоците на Комитетот на ОН за санкционирање на Ал Каеда, иако вниманието на медиумите е насочено кон странски државјани, за чиј откуп се исплаќаат највисоки средства, голем дел од жртвите се киднапирани во сопствените држави.
Лалџи додаде дека терористичките групи сами вршат киднапирања, додека во случаи со Ал Каеда на арапскиот полуостров, тие соработуват со припадници на племиња во Јемен.
Е. Г.