ИД води масовна електронска кампања за поддршка во југоисточна Азија

Од:

Во последниве неколку недели во југоисточна Азија се појавија десетина интернет сајтови и блогови на кои со атрактивна графика и содржини се поставуваат пораки и информации според кои борците на групата Исламска држава во Ирак и Сирија по остварувањето на „величествени победи“ живеат „чисто и во идилата на Калифатот“.

Пораките се напишани на англиски и арапски јазик, но се повеќе доминираат постовите на Бахаса’ јазикот, кој го говорат или разбираат над 300 милиони жители во регионот, припадници на исламската религија.

Пораките најчесто се наменети за младите, а еднаш „закачените“’ посетители постојано добиваат нови пораки и информации, сеедно дали тие повторно се приклучиле на сајтовите на Исламската држава.

Според Ајуб Кан, директор на малезискиот специјален оддел за антитероризам, сите сајтови и блогови се хостирани вон регионот, најчесто во САД. По еден веб сајт се хостирани од оператори во Германија и Велика Британија.

Малезиските власти попусто интервенирале барајќи гаснење на откриените места на кои се хостираат исламисичките сајтови, бидејќи како што соопшти Ајуб Кан, истите содржини многу брзо се емитуваат од други сервер.

Малезиската полиција признава дека не може да се справи со пропагандата што доаѓа од поддржувачите на Исламската држава. Затоа, во Малезија полицијата започна масовна кампања со која ќе се објаснува потребата младите да не наседнуваат на провокативните пораки за убав и богат живот ако се приклучат кон идејата на Калифат.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска