ИД урна ирачки хеликоптер

Од:

Џихадистите на групата Исламска држава (ИД) денеска урнаа ирачки воен хеликоптер во северниот дел од земјата, соопштија ирачки официјални претставници.

Претставник на ирачкото Министерство за одбрана изјави дека екстремистите со ракетен фрлач го урнале хеликоптерот Ми-35 меѓу градовите Беиџи и Ел Сение.

Според други официјални претставници, при нападот загинале пилотот и копилотот.

Во Беиџи, кој е оддалечен 200 километри северно од Багдад, се наоѓа најголемата нафтена рафинерија во Ирак.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска