Џихадистите од Исламска држава убија 20 луѓе кои планирале да се борат против нив во северната ирачка провинција Киркук, соопштија денеска ирачките власти.
Убиството на 20 мажи, кои планирале да се придружат на антиџихадистичките парамилитарни сили, познати како единица Популарна мобилизација, се случи во градот Хавиџ.
Се уште не е потврдена автентичноста на фотографијата на која се гледаат 20 мажи обесени, како и знаме и лого на ИД.
ИД минатиот јуни зазеде големи делови на Ирак, северно и западно од Багдад, вклучително и провинцијата Киркук.