ИД собира секс робинки меѓу вдовиците на џихадистите

Од:

Групацијата Исламска држава собира секс робинки меѓу вдовиците на џихадистите, изјави портпаролот на Демократската партија на Ирачки Курдистан, Саид Мамзуни, јави БТА.

– ИД има потреба од секс робинки за своите борци и ја испрати својата женска полиција во Мосул, во северен Ирак во лов на вдовици во градот. Целта е да бидат врбувани за сексуален џихад, истакна тој.

Припадници на бригадата „Ал Ханза“, женската полиција на ИД ги регистрира личните податоци на вдовиците, за да ги принудат да практикуваат сексуален џихад со борците на организацијата во Мосул.

Полицајките на „Калифатот“ ги повикале вдовиците, чии имиња не фигурираат на списоците да се јават во единицата на женската бригада „Ал Ханза“, заканувајќи им се со строги санкции, за секој кој нема да го испочитува барањето, додаде Мамзуни.

Мосул е административен центар на ирачката провинција Ниневија и се наоѓа на 400 километри северно од Багдад.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска