ИД се закани со нови напади врз либиски нафтени објекти

Од:

Исламска држава се закани дека ќе изврши напади и врз други либиски нафтени објекти откако запали најмалку два нафтени резервоара во близина на градот Рас Лануф.

– Денеска пристаништата Сидра и Рас Лануф, утре пристаништата Марса Брега, а пота Тобрук, Сарир, Џало и Ал Куфра, изјави Абу Абделрахман ал Либи, борец на ИД во видео-снимка објавена на социјалната мрежа за кодирани соопштенија „Телеграм“.

Претходно, ИД запалија два нафтени резервоара на компанијата „Харуџ оил“, што се наоѓаат во близина на Рас Лануф. Нападнат бил ио нафтоводот кој го поврзува наоѓалиштето Амал до терминалот во Сидра.  При нападот дошло до судир меѓу џихадистите и обезбедувањето на либиските нафтени објекти, по што напаѓачите се повлекле.

Либија е поделена по падот на режимот на Муамар Гадафи во 2011 година, а политичките и вооружени фракции се борат за власт и за контрола над нафтените наоѓалишта. ИД го зазеде градот Сирт, на околу 200 километри западно од Рас Лануф и Сидра. Двата најголеми терминали во Либија се затворени во 2014 година. Производството на нафта во Либија е намалено за речиси една четвртина од нивото од 1,6 милиони барели дневно, колку што изнесуваше во 2011 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски