ИД се закани со напади врз училишта и болници во Белгија

Од:

Терористичката група Исламска држава се закани со атентати врз училишта и болници во Белгија, информира денеска бриселскиот дневен весник „Соар“, цитиран од ТАСС.

Заканата била пренесена преку аудио порака од 20-годишниот Абдела Најман, кој бил жител на градот Антверпен, но сега војувал во редовите на ИД во Сирија. Тој кажал дека потенцијални цели за напад се „библиотеки, училишта, болници, трговски улици и дискотеки“.

Според проценки на белгиските антитерористички служби, во кралството сега живеат над 100 радикални исламисти, кои се вратени дома по учеството во борбените дејствија во Сирија на страната на ИД.

Правосудните органи сметаат дека уште над 300 белгиски платеници и натаму војуваат во Сирија и Ирак. Поголемиот дел од нив припаѓаат на втората генерација арапски мигранти и имаат белгиско државјанство.

Белгија се наоѓа на првото место во Европа како сооднос меѓу бројот на исламисти кои војуваат во Сирија и вкупниот број на население. Во кралството живее една од најмногубројните арапски заедници.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски