Џихадистичката група Исламска држава првпат употреби тенкови за пробив од Иран кон границата со Сирија, соопшти командата на шиитската милиција.
– Доцна синоќа борци на ИД се обидоа да се пробијат кон границата со Сирија во населените места Талава, Ајн ал Хусан и Аш Шараија. Екстремистите првпат употребија тенкови против оклопни возила на ирачката милиција, се наведува во соопштението на шиитската команда.
Нападот на ИД бил спречен и не се потврдува со колку тенкови располагале џихадистите.
Во обидот за пробивање учествувале околу 200 борци на ИД, а најмалку 50 од нив се убиени.