ИД почна со ковање на соптвени монети – исламски динар

Од:

Екстремистите од групата „Исламска држава“ почнале со ковање сопствени златни монети, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

Според весникот новата валута, што ќе биде пуштена во промет од ИД, ќе се вика исламски динар. Групата ИД веќе контролира голем дел од Ирак и Сирија.

Името на златните монети е користено во 630. година за време на калифот Осман, што исламистите го земале како пример.

Весникот се повикува на информации објавени на социјалните мрежи, објавени и од противниците и од приврзаниците на терористичката организација, што има за цел да создаде калифат на Блискиот Исток, пренесува ТАСС.

„Дејли телеграф“ објави на фотографии од новите монети од социјалните мрежи на кои се гледа името на „Исламска држава“, како и карта на светот.

Вредноста на исламскиот динар, што се очекува наскоро да биде пуштен во промет изнесува 139 американски долари.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска