Групата „Исламска држава“ денеска објави видео, на кое се гледа како екстремисти уништуваат древни артефакти во градот Мосул, во провинцијата Ниневија, во Северен Ирак.
Петминутниот видео-запис покажува група мажи во Музејот на Мосул, кои со чекани и друг алат уништуваат неколку големи статуи. Потоа е прикажан маж облечен во црно како уништува статуа на асириско божество од 9 век пред наша ера.
Акцијата е дел од кампања на екстремисти на ИД, кои уништуваат серија свети места, вклучително муслимански, што според нив претставуваат ерес. Исто така, има информации за продавање артефакти на црниот пазар, со цел за финансирање на групата.