Лидерите на Исламска држава одлучија да воведат сопствена валута, а монетите ќе бидат од злато и од сребро, како што било во времето на раниот ислам, објави денеска британскиот весник „Дејли мејл“.
Весникот наведува дека за неколку недели ќе биде пуштена во оптек новата валута на териториите кои се под контрола на ИД.
Како образец се користени монетите од 30-тите година на седмиот век, времето на халиф Оман. Златната монета ќе биде со тежима од 4,3 грама и ќе се нарекува исламски динар, а сребрената од три грама – исламски дирхам.
Создавањето на исламска валута се финансира од приходите од продажбата на нафта, како и од рекет, од ограбување на банки и од киднапирање. Експертите тврдат дека ИД заработува околу два милиони долари дневно од продажба на нафта. Тие барел нафта продаваат од 25 до 50 долари за барел, а просечно дневно продаваат по 30.000 барели.