Екстремистичката група Исламска држава ја презеде контролата над аеродромот во Сирт откако либиските владини сили се повлекоа, изјави денеска Мохамер ал Шами, портпарол на либиската Влада, која не е признаена од меѓународната заедница.
Ал Шами наведе дека либиските владини сили од аеродромот се повлекле синоќа.
Аеродромот во Сирт е и воена база.