ИД го потврди убиството на јапонскиот заложник Харуна Јукава

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) потврди дека нејзини припадници го убиле Харуна Јукава, еден од двајцата јапонски заложници.

– ИД ја оствари својата закана. Таа го уби јапонскиот заложник Јукава, откако помина рокот кој го дадовме, соопшти екстремистичката група на радиото Ал-Бајан, кое се слуша на териториите кои се под нејзина контрола во Сирија и Ирак.

– Вториот заложник, Кенџи Гото, бара од своите роднини да извршат притисок врз јапонската Влада за ослободување на нашата сестра Саџида ал-Ришави, која е затворена во Јордан, во замена за своето ослободување, наведува ИД.

Ирачанката Ришави требало да биде еден од бомбашите-самоубијци во тројниот напад врз хотели во јорданскиот главен град Аман на 9 ноември 2005 година, во кои загинаа 60 лица.

Јукава е киднапиран минатото лето, а Гото кон крајот на октомври кога заминал во Сирија со цел да се обиде да го спаси својот пријател Јукава. Џихадистите на 20 јануари објавија снимка од двајцата Јапонци, заканувајќи се дека ќе ги убијат во рок од 72 часа, доколку не им биде исплатен откуп од 200 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска