ИД го минира Мосул за да ги запре бегствата на цивилите пред доаѓањето на ирачките сили

Од:

Џихадистите од групата Исламска држава поставуваат бомби пред праговите од куќите во Мосул за да ги спречат цивилите да бегаат од овој северен ирачки град, изјавија командант на силите на ирачката федерална полиција и очевидци, цитирани од британските медиуми.

Светските агенции забележуваат дека оваа информација доаѓа во момент кога ирачките владини сили ја спроведуваат завршната фаза од операцијата против џихадистите во Мосул, по седум месеци улични борби.

Генерал-потполковник Абдул Гани Асади за ирачката државна телевизија изјави дека елитните сили на Службата за борба со тероризмот непречено напредуваат кон квартовите „Рифаје“ и „Наџар“ со цел да стигнат до брегот на реката Тигар и да го затворат обрачот околу Стариот град.

– Со Божја волја во следните неколку часа ќе ја реализираме нашата задача, прогнозира генералот.

Според него, во текот на последните два дена џихадистите употребиле 30 самоубијци со автомобили-бомби против единиците што тој ги командува во Мосул.

Во квартот „Сиха“, изјави Асади, силите на Исламска држава им ги оковувале рацете на цивилите, врзувајќи ги во синџири, и потоа ги употребувале како жив штит за да можат да се движат и бегаат.

– Ги видовме како се движат со своите оружја, опколени од цивили, но не ги нападнавме, изјави тој.

Цивилите потоа биле одврзувани и пуштани, но само откако џихадистите ќе стигнеле до место каде можеле да си обезбедат покритие.

Жителите на Мосул стравуваат да не дојде до активирање на експлозиви доколку ги отворат вратите од своите домови, и затоа бегаат од домовите преку дупки во внатрешните ѕидови, направени од самата Исламска држава, за да можат нејзините борци да се движат низ градот, без да станат цел за воздушните напади.

По новите жестоки борби во градот, во текот на овој месец е зголемен бројот на луѓето кои бегаат од Мосул .

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска