Најмалку седум лица загинаа при гранатирање врз источниот сириски град Деир ал-Зор, што го извршија припадници на групата Исламска држава, соопшти Сирискиот центар за момиторинг на ловековите права.
Центарот тврди дела терористите од ИД продолжуваат да ги гранатираат деловите на градот што се под контрола на владините сили.
ИД го контролира поголемиот дел од територијата на Деир ал-Зор, освен една енклава и воздухопловната база во близина на градот.
Повеќе од две години тој регион е под опсада. Повеќе од 200.000 лица се наоѓаат во зоната што се наоѓа на териториите што се под контрола на ИД во Сирија и Ирак.