Терористичката група Исламска држава оформи единица составена од борци кои зборуваат и англиски, со цел да ги ангажира во терористички напади на Западот.
Тој баталјон кој го добил името Анвар ал-Авлаки, составен е од борци кои по обука ќе бидат испратени назад на Запад, во држави од кои потекнуваат, истакнува антиџихадистичката група Рака полека е заклана, наречена по сирискиот град Рака, упориште на Исламска држава, пренесува Раша тудеј.
Задачата на единицата е планирање и извршување терористички напади во држави од англиско говорно подрачје.
Наредба за таков напад веќе е дадена вчера. Баталјонот го носи името на исламски милитант роден во САД кој загина во 2011 година во Јемен при напад на американски дрон.