ИД е принудена да ја смени тактиката по загубата на територии

Од:

ДПА – Берлин

Три години по прогласувањето на т.н. „Исламски Калифат“ во Ирак и Сирија, екстермистичката организација Исламска држава (ИД) ја промени својата тактика за да опстои на Блискиот Исток и на други места низ светот.

Сега е само прашање на време кога ИД ќе ги загуби своите бастиони во Сирија и Ирак, постојано кажуваат аналитичари, воени лица и владини претставници. Поддржани од САД, сириските бунтовници напредуваат за преземање на градот Рака, кој ИД го прогласи за нејзина престолнина, а само неколку километри остануваат за ослободување на вториот по големина ирачки град Мосул.

Оптимизмот за одземање на клучните територии од грандиозниот „Калифат“ на ИД сепак носи и едно предупредување: тоа нема да го одбележи крајот на организацијата која се преформираше на Блискиот Исток по 2014 година.

– Тоа е последниот здив на ИД. Тие сепак имаат силни ќелии во Багдад и во други зони во Ирак, така што претпазливоста останува неопходност, вели бригадниот генерал Сафа ал Обејиди, поранешен офицер на ирачката армија.

Иако постои впечатокот дека ирачките сили се во „одлична позиција“ да ја победат организацијата во Мосул и во други нејзини бастиони во Ирак, Обејиди очекува дека џихадистите ќе се надеваат на повеќе „медиумски успеси по нападите врз цивилни заедници“. Генералот ги има предвид нападите кои организацијата ги искористи за својата пропагандна машинерија за да се задржи во центраот на камерите и да привлече уште приврзаници.

Загубата на бастионите во Ирак и Сирија само ќе го смени обликот на ИД кој работи на проширување на своето присуство надвор од овие две земји. – Тоа е крајот на организацијата во сегашната форма, но таа нема да исчезне, вели Абер Саади, истражувач на радикални и џихадистички групации и медиуми од универзитетот во Дортмунд, Германија.

– Се сомневам дека тие ќе се обидат да заземат нова територија. Напротив, загубата на терен ги тера да ја променат формата на нејзиното постоење, смета тој.

Заземањето на територии беше принципот врз кој беше основата Исламска држава. Таа имаше владин кабинет, гувернери и локални совети. Но за да продолжи да функционира, се очекува ИД да се раздели од таа доктрина.

Промената на стратегијата на организацијата значи две нешта: експанзија надвор од Ирак и Сирија, како и прифаќање на концепцијата на држава брз државност.

На првата цел таа одамна работи. Огранокот на ИД, Хорасан, кој ги опфаќа Афганистан и Паксистан, беше создаден во јануари 2015, во нестабилната источна афганистанска провинција Нангахар. На Филипините, приврзаниците на ИД во последените неколку месеци извршија неколку напади. Пред тоа, таа воспостави свое присуство во неколку северноафрикански држави, најочигледно во Египет и Либија.

Втората цел е откажување од идејата да се контролира повеќе земја, и наместо тоа да се планираат „напади за одмазда“. – За да го направат тоа, тие треба да ги зголемат повиците на социјалните медиуми кон своите следбеници, одобено кон волците – самотници, вели Саади.

Примери од неколку напади минатата година покажуваат дека извршителите дејствувале сами. Тие биле инспирирани, но не и задолжително извршени од борци на ИД.

Саади смета дека пораките на организацијата на социјалните медиуми и онлајн мрежи кон нивните приврзеници и симпатизери, поттикнуваат кон дејствија како напади со нож или превозно средство, кои зачестија во европските држави.

Во Берлин во декември еден маж се влета со камион на божиќен панаѓур и уби 12 луѓе. Минатата година, друг маж прегази со камион толпи луѓе во францускиот крајбрежен град Ница, и уби 86, а рани 200 лица. Во март годинава, маж се втурна со превозно средство меѓу пешаци на Вестминстерскиот мост во Лондон, пред да убие со нож полицаец пред влезот на блискиот британски Парламент.

Тие случаи се одвоени од планираните и организирани напади, вклучувајќи ја и експлозијата на концерт во Манчестер во мај, кога загинаа 22 луѓе. Покрај тоа – организацијата го смени и тонот за да ги подготви своите следбеници за саможртвувањето кое треба да го направат.

Во бројот од август минатата година, во своето списание „Ал Набаа“, ИД ги повикува своите следбеници „да гледаат на победата и поразот во поширок контекст на борбата меѓу доброто и злото“ и да не заборават дека „решителноста да се продолжи борбата со ѓаволот на Бога е критериум за вистинска победа“.

Минатата недела организацијата ја лрена во воздух Големата џамија во Мосул, позната под името „Ал Нури“, што ирачкиот премиер Хајдер ал Абади го опиша како „официјална декларација за нивнјот пораз“. Во таа џамија, подигната во 12-от век, лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади во јули 2014 година се појави пред јавноста за прв и последен пат, неколку дена откако во аудио снимка беше објавени официјалното прогласување на „Калифатот“.

– Би рекол дека Багдади, без разлика дали е жив или мртов, станува се поосамена фигура. Голем дел од неговите верни помошници беа убиени, вели генерал-мајор Руперт Џоунс, заменик-командант за стратешка и странична поддршка на коалицијата која ја предводи САД, по повод руските тврдења дека Багдади е убиен.

Според Џоунс, во моментов следбениците на Багдади не се чувствуваат како „индивидуелни раководени“, туку повеќе како „изоставени, изолирани“.

Саади не се согласува со тоа. Тој очекува од организацијата да се издвојат уште порадикални движења, кои ќе го преземат нејзиното раководство ако ја задржат сличната комуникациска стратегија и обраќање кон маладите.

– Всушност тие движења ќе ја фрлат вината за поразите на организацијата врз приврзаноста кон претходното врховно раководство, вели Саади и додава дека „тогаш тие ќе работат на корекцијата на патот на организацијата, но при продолжувањето на обидите за врбување да се вребаат млади луѓе насекаде“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска