ИД е најбогата терористичка организција

Од:

Исламистичката групација Исламска држава е на врвот на листата најбогати терористички организации, објави израелското издание на списанието „Форбс“.

Според списанието ИД има годишен приход од околу два милиони долари, со што е далеку зад нејзините конкуренти.

Главните приходи на групацијата доаѓаат од продажбата на нафтени деривати на црниот пазар од наоѓалиштата во Сирија и Ирак, кои се под нејзина контрола.

Според претходните извештаи на медиумите секојдневната заработувачка на ИД од незаконската продажба на нафта изнесува два милиони долари.

Цената на нафтата, која ја нуди ИД се движи меѓу 25 и 50 долари за барел, а дневно екстремистите добиваат околу 30 илјади барели.

Списанието наведува дека исламистите запленуваат во Ирак и Сирија културно-историски вредности, кои ги продаваат преку посредници во тајни кругови во западните земји.

На второ место на листата е палестинското движење Хамас со годишен приход од една милијарда долари, кои доаѓаат претежно од финансирање од државите од Персискиот Залив, како и од добротворни организации и фондови.

Меѓу десетте најбогати терористички органзации се и либанската групација Хезболах, авганистанските талибанци, меѓународната организација Ал Каеда, сомалиската групација Ал Шабаб и нигериската Боко харам.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска