ИД бара од исламистичките бунтовници на Синај да ги зајакнат нападите врз безбедносните сили

Од:

Групата Исламска држава (ИД) ги повика денеска бунтовниците од полуостровот Синај да ги зајакнат своите напади врз египетските безбедносни сили.

– Поставете експлозиви на патиштата. Нападнете им ги базите. Влезете им во домовите. Обезглавете ги. Не ги оставајте спокојни, изјавил портпаролот на ИД, Абу Мухамад Аднани.

Египетски функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи, признаваат дека меѓу двете групи има координираност, но демантираат дека на територијата на Египет има борци на ИД, која контролира делови во Ирак и Сирија.

Исламистите во Египет водат кампања против властите, откако армијата го собори претседателот Мохамед Морси и го прогласи Муслиманско братство за терористичка организација.

Член на групата „Ансар Баит ал Макдис“, чие седиште се наоѓа на Синај и која е одговорна за убиството на стотици египетски полицајци и војници во последната година, истакнал дека ИД ги советува и им дава инструкции како да бидат поефективни.

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС