И Трамп и Бајден ја поздравија веста за вакцината на „Модерна“

Од:

Актуелниот и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден денеска ја поздравија веста на фармацевтската компанија „Модерна“ од Кембриџ во сојузната држава Масачустетс, дека нејзината вакцина против Ковид-19 има ефикасност од 94,5 проценти.

– Најавена е уште една вакцина, овој пат од фармацевтската компанија „Модерна“, ефикасна 95 проценти. Им порачувам на сите големи „историчари“ – Ве молам да запамтите дека овие големи откритија, што ќе ја запрат „кинеската чума“, се случија за време на мојот претседателски мандат, изјави актуалениот американски претседател Трамп.

Претходно, новоизбраниот претседателна САД, Бајден потврди дека уште една голема вакцина излегува од лабораторијата на компанијата „Модерна“.

– Денешната вест за втора вакцина е уште една причина за надеж. Тоа што е вистината за првата вакцина, важи и за втората: Ни престојат уште неколку месеци чекање. Дотогаш Американците да продолжат да се придржуваат до мерката за физичка дистанца и да носат заштитна маска за да се стави под контрола ширењето на коронавирусот, апелираше Бајден

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме Трамп да види дека сакаме да ставиме крај на војната

Иран го чека тајното писмо од Трамп

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

Гренланд утре оди на клучни избори