И Русија најави специјални пасоши за луѓето што се вакцинирале против Ковид-19

Од:

Граѓаните во Русија кои се вакцинирани против коронавирусот, од јануари 2021 година автоматски ќе можат да добијат пасош кој ја потврдува вакцинацијата, изјави министерот за здравство Михаил Мурашко.

– Планирано е во јануари, на веб-страницата за државни услуги, да биде достапна можноста, меѓу другото, автоматски да се добие пасош за вакцинирано лице со внесување лични податоци, рече Мурашко на состанокот на владиниот координативен совет за коронавирус.

Тој исто така рече дека 80 проценти од вкупниот број заразени со вирусот во Русија, или околу 900.000 луѓе, се лекуваат дома.

Мурашко посочи дека во последните денови се забележува позитивна динамика и дека бројот на заразени е намален за четири проценти.

Во Русија денеска се регистрирани уште 27.002 случаи на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата во Русија, заразени се 3.105.037 лица со Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација