И покрај заканите од Трамп, Турција ќе дејствува против курдските милиции во северна Сирија

Од:

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин денеска изјави дека стратешкото партнерство помеѓу Турција и САД не треба да биде оптоварено со терористичка пропаганда.

Тој додаде и дека и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, Турција сепак ќе ја дејствува против курдските Единици за народна одбрана во северниот дел на Сирија.

Калин потенцира дека за Турција не постои разлика помеѓу Единиците за надродна одбрана и Исламска држава.

Во меѓувреме, Ердоган најави дека турски трупи ќе воспостават безбедносна зона во ширина од 30 километри во северниот дел на Сирија и оти за тоа ќе побара логистичка и финансиска помош од САД и другите сојузници.

– Зоната ќе ги држи терористите надвор од неа, ќе ги заштити цивилите и ќе ги запре бегалците, посочи Ердоган во турскиот Парламент.

Тој истакна дека за тоа доцна синоќа телефонски разговарал со Трамп. Според Ердоган американскиот претседател истакнал дека сака да соработува со Турција, за да се решат безбедносните проблеми во североисточна Сирија, но при тоа посочил дека Турција не би требало да ги „злоставува“ Курдите и другите национални групи, кои се сојузници на САД во борба против Исламска држава.

Додека Ердоган од своја страна истакнал дека Турција ќе ги поддржи САД во текот на повлекувањето на американските трупи од Сирија.

Телефонскиот разговор Ердоган – Трамп уследи откако американскиот претседател вчера и се закани на Турција дека економски ќе ја уништи ако турските трупи ги нападнат курдските милиции, сојузници на САД во Сирија.

Според Ердоган двајцата лидери постигнале „разбирање од историско значење“.

Трамп вчера на Твитер објави дека Турција „економски ќе биде уништена“ ако ги нападна Курдите.

– Почнува долготрајното повлекување од Сирија, додека напаѓаме мал преостанат дел од територијалниот калифат на Исламска држава од повеќе правци. Повторно ќе нападнеме од постоечката база во близина ако повторно се формираат. Економски ќе ја уништиме Турција ако ги нападне Курдите. Направете безбедносна база од 20 милји (околуи 32 километри), напиш Трамп на Твитер.

Тој и порача дека треба да се запрат бесконечните војни.

– Исто така, не сакам Курдите да ја предизвикуваат Турција. Русија, Иран и Сирија ќе имаат најголема корист од долгорочната американска политика на уништување на ИД во Сирија, природните непријатели. Исто така и ние имаме корист, но сега е време да ги донесеме нашите трупи дома. Запрете ги бесконечните војни!, истакна вчера Трамп.

Трамп во декември најави американските трупи ќе заминат од Сирија, а на 11 јануари почна процес на повлекување од Сирија, каде се распоредени се околу 2.000 американски војници. Тоа ќе ја ослабне позицијата на курдските милиции, кои до сега во Сирија, со поддршка од САД се бореа против ИД. Американскиот претседател повлекувањето на американската војска го образложи со тоа дека ИД е победена, а во случај повторно да дејствува во Сирија ќе биде нападната од некоја од воените бази во близина.

За Анкара курдските Единици за народна одбрана се огранок на терористичка група Курдската работничка партија.

Претходно, советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтин изјави дека повлекувањето на американските трупи зависи од гаранциите на на Турција за безбедноста на курдскиот паравоени сили. Но, тој при минатонеделната посета на Анкара наиде на одбивање на неговиот предлог.

За време на викендот, Турција испрати дополнителен број војници на границата со сириската провинција Идлиб. Но, се уште нема потврда дали тоа е подготовка за интервенција на турско-сириската граница.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија