И оваа година над 2 милиони верници на аџилак во Мека

Од:

Повеќе од еден и пол милион верници веќе допатуваа во Саудиска Арабија каде на аџилакот ќе им се приклучат уште 750.000 Саудијци.

Над 2 милиони муслимани секоја година учествуваат во аџилакот, еден од столбовите на исламот. Секој муслиман е должен барем еднаш, доколку е во можност, да оди на аџилак.

Секоја муслиманска земја има право на квота од 1.000 верници на еден милион жители за доаѓање во Саудиска Арабија.

Од Индонезија, како најбројна муслиманска земја, на аџилак доаѓаат околу 200.000 верници.

Власта во Саудиска Арабија издвои 292 милиони долари за обезбедување на инфраструктурата во Мина, Муздлелифи и Арафат , градови во околината на Мека во кои на свои обреди, се собираат верниците.

Во рамките на цивилната заштита за аџилакот се мобилизирани 25.700 агенти со поддршка на 6.600 возила и 19 хеликоптери.

Најмалку 1.500 камери се поставени за видео надзор околу големата џамија во Мека, а недалеку од местото на собирање на верниците отворени се 29 полициски пунктови.

Лекарските екипи кои ќе дежураат за време на празникот се составени од 20.000 медицински работници, од кои 320 се лекари специјалисти.

На верниците на услуга ќе им стојат 170 амбулантни возила.

Околу 2, 2 милиони шишиња со вода од Земзем бунарот во дворот на Големата џамија во Мека ќе бидат обезбедени за верниците оваа година.

Оваа година, според саудиското толкување, Курбан бајрам се слави во четврток на 25. октомври. Земјите кои ја прифаќаат турската методологиј на утврдување на појавувањето на младата Месечина, го слават Курбан бајрам на 26.октомври.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска