И Макрон откажа учество на форумот во Давос

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос, јави француското радио БФМ, повикувајќи се на Елисејската палата.

Причина за откажување е пренатрупаниот распоред на обврски на Макрон, наведуваат од Елисејската палата, додека радиото наведува дека тоа може да има врска можеби со протестите на „Жолтите елеци“ и претстојната расправа за работата на државните институции и демократијата.

Светскиот економски форум ќе се одржи од 22 до 25 јануари во Давос, во Швајцарија.

Американскиот претседтаел Доналд Трамп исто така објави дека нема да присуствува на тој форум поради ситуацијата на американско-мексиканската граница и блокадата на владата.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина