И Франција против влегувањето на Романија и Бугарија во Шенген

Од:

Франција се приклучи на земјите кои се против приклучувањето на Романија и Бугарија кон Шенген зоната, објави денеска романскиот весник „Романија либера“.

Весникот, исто така, наведува дека нема да биде постигнато решение по ова прашање на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ, кој ќе се одржи денеска и утре во Брисел.

Франција, исто како Германија и Холандија, е против определување на рок за пристапување на Романија и Бугарија кон Шенген зоната, објави австрискиот весник „Остерајх“.

Трите држави се незадоволни од борбата против корупцијата во Романија и Бугарија. Според весникот Австрија не е против приклучувањето на двете земји во Шенген, но се залага за постепено пристап.

„Романија либера“ нагласува дека и Финска вчера објави дека ќе го блокира пристапувањето на Романија и Бугарија кон Шенген зоната пради проблеми со корупцијата во овие земји.

Би можело да ве интересира

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо