И државата Њујорк им нареди на граѓаните да седат дома

Од:

Државата Њујорк, по примерот на Калифорнија, им нареди на речиси сите нејзини жители да останат дома во обид да се спречи алармантниот пораст на бројот на заразени со новиот коронавирус.

– Мораме да ги затвориме вратите бидејќи стапката на зараза предизвикува нарушувања на нашиот болнички систем, рече државниот гувернер Ендру Кумо.

Според него во Њујорк досега се регистрирани повеќе од 7.100 заразени.

Согласно мерките што ги најави, сите работници од невиталните сфери треба да останат дома. Ќе работат само аптеките и продавниците за храна.

Таква мерка, без преседан во САД, веќе објави Калифорнија каде живеат 40 милиони луѓе, и епидемијата исто така се зголемува.

– Ова се најдрастичните мерки што можеме да ги преземеме, рече гувернерот.

– Го ставаме Њујорк на пауза…Колку повеќе тестови правиме, толку повеќе позитивни случаи добиваме, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел