Хутите тврдат: Ќе одговориме на нападите на САД и Велика Британија

Од:

Јеменската бунтовничка група Хути денеска објави дека ќе одговорат на американските и британските воздушни напади врз нивните позиции во Јемен и дека нема да бидат „одвратени“ од нападите, иако десетици нивни позиции се цел на воените операции на САД и Велика Британија поради напади на проиранската бунтовничка група.

Портпаролот на Хутите, бригадниот генерал Јахја Саре, изјави дека во изминатите часови американските и британските бомбардери извршиле 48 напади, од кои 14 врз главниот град Сана, девет врз Ходеида и 11 врз Таиз, според јеменската агенција Саба, која ги објавува изјавите на Хутите.

Според „Тајмс оф Израел“, тие области се под контрола на таа бунтовничка група, која е поддржана од Техеран.

Нападите нема да не одвратат од поддршката на палестинскиот народ во Појасот Газа и нема да останат неодговорени и казнети, предупреди Саре.

Хутите речиси секојдневно вршат ракетни или беспилотни напади врз комерцијални и воени бродови кои минуваат низ Црвеното Море и Аденскиот Залив, како што велат, како поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна против Израел.

Последните напади врз Хутите уследија по американските воздушни напади во петокот врз цели во Сирија и Ирак како одговор на нападот со беспилотно летало врз американската воена база во Јордан минатата недела, во кој загинаа тројца војници.

Погодените локации, наводно, припаѓале на различни милиции поддржани од Иран, кои САД ги обвинуваат за нападот во Јордан.

Иран, сепак, го отфрла тврдењето на Вашингтон дека Техеран е поврзан со нападот со беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“