Хутите нападнаа аеродром во Саудиска Арабија

Од:

Јеменското племе Хути, кое е поврзано со Иран, нападна складиште со оружје на аеродромот во Назран, Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожар во зградата, објави телевизијата Ал Масира.

Саудиската воена коалиција претходно соопшти дека цивилен објект во саудиската провинција Назран е нападнат од дрон кој носел експлозив. Во соопштението не е наведено дали има жртви.

Хутите вчера ги демантираа саудиските медиуми дека истрелале балистички проектили против Мека, најсветото место на исламот, во услови на зголемени тензии меѓу Техеран и земјите од Персискиот залив, кои се во коалиција со САД.

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ја предводат коалицијата на сунитските муслимани поддржани од Западот, која во 2015 година интервенираше во Јемен, со цел да се обидат да ја вратат на власт меѓународно признаената влада која Хутите ја соборија во 2014 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ