Хутите во Јемен соопштија дека нападите во Саудиска Арабија минатата недела биле само почеток на воените операции против 300 главни воени цели во таа земја, објави агенцијата САБА, која е под контрола на Хутите.
Меѓу целите се воени и стратешки објекти во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и нивната база во Јемен.
Саудиска Арабија соопшти дека минатиот вторник со дронови се нападнати две бензински пумпи, а телевизијата Масирах, која е во сопственост на Хутите, претходно објави дека групата со дронови нападнала и постројки во Саудиска Арабија.