Хутите ќе платат за нападите врз Саудиска Арабија, предупреди портпаролот на арапската коалиција

Од:

Хутите ја пречекорија црвената линија и скапо ќе платат за тоа што го напаѓаат граничниот регион со Саудиска Арабија, предупреди саудискиот портпарол на арапската коалиција, која од 26 март води воздушна кампања против јеменските бунтовници.

– Безбедноста на Саудиска Арабија е прв приоритет за коалицијата и саудиските вооружени сили, изјави генерал Ахмед ал Асири пред новинарите.

Претходно Саудиска Арабија предложи петдневен преки на огнот во Јемен, со цел да се достави хуманитарна помош составена од основни продукти за локалното населние.

– Со бомбардирање на Саудиска Арабија Хутите ја преминаа црвената линија, додаде генерал Ахмед ал Асири.

Шиитските бунтовници ги зајакнаа нападите врз јужните делови на Саудиска Арабија, каде во вторникот и средата беа убиени десет цивили и покрај тоа што Хутите досега напаѓаа само војници. На територијата на Саудиска Арабија вчера паднаа уште проектили, но немаше настрадани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ