„Хуриет“: Курдските бунтовници следниот месец ќе ги прекинат борбените операции

Од:

Курдските бунтовници ќе прогласат прекин на борбените операции против турската држава во февруари согласно планот од неодамна почнатот мировен процес, кој има за цел да стави крај на 28-годишниот бунт, пишува турскиот весник „Хуриет“.

Како прв чекор во изградбата на довербата ќе биде тоа што околу сто борци од Курдската работничка партија (ПКК) ќе го положат оружјето и ќе се повлечат од територијата на Турција, додава весникот, не откривајќи ги изворите за овие информации.

Претставници на турското разузнавање почнаа на крајот на минатата година преговори со лидерот на ПКК Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна. „Хуриет“ додава дека преговорите се водат и со ПКК во северен Ирак, каде е стациониран голем дел од борците на организацијата.

– Според планот ПКК ќе го објави своето решение за прекин на борбените операции во февруари, непосредно по официјалниот повик од страна на Оџалан, додава весникот.

Согласно рамковниот мировен доовор, кој се разгледува со Оџалан, борците од ПКК ќе се разоружат целосно, откако ќе се повлечат од Турција, а Владата во замена за тоа ќе ги зголеми правата на курдското малцинство.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски