HTC се откажа од 5 инчен WP8 уред

Од:

HTC нема да претстави Windows Phone 8 уред со дијагонала од 5 инчи. Причина е ограничувањето во самиот оперативен систем.

Според изворите, Microsoft во Windows Phone 8 не вклучил поддршка за работа на резолуции поголеми од 1.280 х 768 пиксели. Дијагонала од пет инчи би требало да има резолуција од 1920 х 1080 и со тоа моделите од HTC би биле инфериорни во секој поглед во однос на Android моделите, но и моделите кои наскоро ќе го освојуваат пазарот. HTC и Microsoft одбија да го коментираат Bloomberg.

HTC моментно во својата понуда го има Droid DNA телефонот со екран од пет инчи со резолуција од 1080p. Сличен модел за европскиот пазар се уште не е најавен.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска