Организацијата Хјуман рајтс воч соопшти денеска дека екстремистите од Исламска држава измачувале и злоставувале курдски деца заробени во мај на север во сирискиот град Кобане.
ХРВ дошле до тие сознанија врз основа на интервјуа со деца кои биле меѓу 150-те курдски деца киднапирани во крајот на мај додека се враќале од школо во Алепо.
Околу 50 деца успеале да побегнат додека останатите биле ослободувани во групи.
Последната група била пуштена на 29 октомври.
Дел од децата изјавиле дека биле тепани и со црева и електрични кабли, јавуваат западни медиуми.