ХРВ: Џихадистите од ИД силувале и мачеле и сунитски жени во северен Ирак

Од:

Џихадистите од Исламска држава силувале и мачеле не само жени од малцинството Јазиди, туку и сунитски жени, пренесуваат француските медиуми, цитирајќи ја организацијата за правата на човекот „Хјуман рајтс воч“.

Организацијата документира случаи на произволни приведувања, на принудни бракови и на сексуални изживувања врз жени кои се обиделе да побегнат од селото Хавиџа, во северен Ирак. Селото се уште е под контрола на џихадистите од ИД.

Една од овие жени е 26-годишната Ханан. Нејзиниот сопруг успеал да избега од селото, но таа била фатена заедно со нејзините деца и со други жени кои се обиделе да избегаат. Терористите и кажале дека бегството на нејзиниот сопруг ја прави еретик и за да го исчисти своето име треба да се омажи за локален командир на џихадистите. Таа одбила и тогаш била претепана со кабел и цел месец била силувана пред очите на нејзините деца.

– Сексуалните престапи врз сунитските жени, кои живееле на териториите под контрола на ИД, добиваат мала гласност. Се надеваме дека меѓународната заедница и локалните власти ќе направат се што можат за на овие жртви да им ја обезбедат неопходната поддршка, изјави Лама Факих, заменик директорка за Блискиот исток во ХРВ.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска