ХРВ: Азербејџанските власти ги засилуваат репресиите против активисти и новинари

Од:

Меѓународната организација Хјуман рајтс воч ги обвини азербејџанските власти дека ги засилиле репресиите против активисти и новинари со цел да престанат со критиките против претседателот Илхам Алиев во пресрет на изборите за претседател во следниот месец.

ХРВ наведува дека во изминатите 18 месеци властите во Азербејџан уапсиле десетици луѓе со исфабрикувани обвиненија, растуриле опозициски протести и донеле закони за ограничување на слободата на говор и на медиумите.

Во јуни ЕУ и меѓународни организации ја критикуваа поранешната советска република дека ги засилила ограничувањата објавувајќи дека клевата на интернет ќе биде казнива со затвор.

Претседателот Алиев (51) кој презеде функција во 2003 година од својот татко Гајдар Алиев, ќе биде најверојатно повторно избран на претседателските избори во октомври. Минатата недела Изборната комисија ја отфрли кандидатурата на познатиот сценарист и режисер Рустам Ибрахимбеков, кандидат од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Азербејџански МИГ падна во Каспиското Море, пилотот исчезна

Ана Ололовска

Азербејџан откажа зделка со Боинг од милијарда долари од безбедносни причини

Голема воена вежба на азербејџанската армија

Ана Ололовска

Азербејџанскиот опозициски лидер ослободен од притвор со глоба

Наум Локоски

Изгаснат пожарот во кулата на Трамп во Баку, едно лице хоспитализирано

Наум Локоски

ВИДЕО: Пожар во кулата на Трамп во Азербејџан

Наум Локоски

Leave a Comment

five + eight =