Хованец: Изјавите на европските политичари за Чешка и миграцијата се скандалозни

Од:

Чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец ги означи за скандалозни изјавите на некои европски политичари кои во врска со миграцијата сметаат дека од Чешка и другите земји од Вишеградската група (В4) немаат поддршка и не можат да се потпрат на нив.

Тој, смета дека доколку нападите врз В4 (Чешка, Словачка, Унгарија и Полска) од постарите членки на ЕУ продолжат, ќе дојде до пораст на анти- ЕУ расположение и ќе се појават анти-системски движења не само во Чешка, туку и пошироко.

– Во последниве денови се интензивираа напорите од страна на некои европски политичари, но и претставници на Европската комисија, Чешка и другите земји на В4 да се претстават како земји кои по прашањето за нелегалната миграција не ги исполнуваат своите обврски. Дел од нападот е отворена уцена, конкретно закани за намалување на структурните фондови, ако не примиме мигранти од Италија и Грција во таква темпо со кое овие земји би биле задоволни, оцени Хованец.

Според него, Чешка за разлика од Италија и Грција ги исполнува своите меѓународно-правни обврски, вклучувајќи ги и оние за овозможување азил.

Вербалните напади, Хованец ги смета за ,,исклучително опасен неконструктивен пристап”, кој може да ја доведе ЕУ во постојана политичка криза.

Европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Димитрис Аврамопулос во писмо објавено во понеделникот, ги повика земјите на В4 да се вклучат во одобрената програма за прераспределба на мигранти од Италија и Грција.

Земјите од Централна и Источна Европа, од почетокот ги одбиваат обврзувачките квоти.

Вишеградската група (В4), поради нејзиниот пристап, исто така, остро беше критикувана и од грчкиот министер за миграција Јанис Мазалас обвинувајќи ја за саботирање на Европскиот план за прераспределба на бегалците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка