Холандскиот премиер се закани со воведување гранични контроли за Источноевропејците

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте денеска се закани со воведување на гранични контроли за државјаните на источноевропските членки на ЕУ, доколку овие земји не се согласат да прифатат поголем број бегалци.

Во интервју за холандската телевизија НОС, Руте вели дека со потпишувањето на Шенгенскиот договор за слободно движење, земјите не може да уживаат само во предностите, туку мораат да ги преземат и одговорностите што произлегуваат од него.

– Неприфатливо е неколку земји да прифатат најголем дел од бегалците. Она што ние, како западноевропски земји можеме да направиме, е повторно да воведеме гранични контроли кон државите од Источна Европа, вели Руте.

Како пример Руте ја посочува Унгарија, која. како што вели, на ниту еден начин не им помага на барателите на азил, дури кога тие не ни сакаат да останат во земјата, туку да заминат во некоја друга европска држава.

Забелешката на Руте се однесува на унгарскиот закон за забрана за укажување помош на барателите на азил, поради што најголем дел од нив завршуваат на границите на Унгарија на т.н. ничија земја, каде немаат пристап ниту хуманитарните организации.

Руте најави дека за неговата идеја за воведување на гранични контроли за Источноевропејците веќе разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, а наскоро ќе има разговори и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

ЕУ дава две милијарди евра за брзо вооружување на Украина

Горан Наумовски

Схинас: Македонија испорача се, сега е време за следниот чекор – отворање на кластерите, по уставните измени

Горан Наумовски

Борел: Со менување на Уставот нема да се загуби македонскиот идентитет

Орце Костов

Борел доаѓа во Скопје со порака до македонската влада: корупцијата сериозно го „минира“ условениот датум на преговорите

Петар Клинчарски

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

Бајден и Фон дер Лајен: „Ние сме пообединети од кога било“

Ана Ололовска