Холандскиот „Ермитаж“ ги прекина врските со рускиот матичен „Ермитаж“

Од:

Музејот на уметност „Ермитаж Амстердам“ во Холандија, објави дека ги прекинува врските со својот матичен музеј, рускиот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, по руската инвазија врз Украина. Во соопштението од музејот се објаснува дека веќе не е можно да се држи дистанца од политиката на Русија и рускиот претседател Владимир Путин.

„Врската повеќе не е одржлива. Со инвазијата на Украина од страна на руската армија, линијата е премината“, објави вчера музејот.

Во галеријата вообичаено се изложени уметнички богатства од светски познатиот музеј „Ермитаж“.

Како што јави Хина, неодамна отворената руска изложба ќе остане затворена до следно известување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

Холандија е дисквалификувана од Евровизија