Холандски новинари поднесоа тужба против забраната на руските ТВ станици РТ и Спутник во ЕУ

Од:

Главниот синдикат на холандски новинари денеска поднесе тужба против забраната за дистрибуција на руски државни медиуми во ЕУ, тврдејќи дека таа ги крши правата на европските граѓани на слобода на информирање.

ЕУ на 2 март ја забрани дистрибуцијата на Раша Тудеј и Спутник во Европа како дел од санкциите против Москва со образложение дека тие објавуваат пропаганда што се користи за оправдување и поддршка на инвазијата на Украина.

Тужбата поднесена во Европскиот суд на правдата не ја одобрува содржината произведена од руски организации и не тврди дека треба да се емитува од европските оператори, но смета дека забраната е премногу широка и дека не е во ред да им се дозволува на политичарите да спроведат политики за цензура на краток рок.

„Ако зборувате за санкции, тогаш идејата е да се казни Русија“, рече Томас Брунинг од Здружението на холандските новинари (НХА). „Но, вие всушност ги казнувате луѓето во Европа со тоа што не ги третирате како возрасни и не дозволувајќи им да имаат пристап до информации“, додаде тој.

Според него, доколку забраната не биде оспорена на суд, тоа може да доведе до забрана за други политизирани медиуми.

„Сите мислиме дека дезинформациите се сериозен проблем на нашето време. Цензурата е лесен одговор, но не е вистинскиот одговор“, рече Брунинг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европската унија се подготвува да воведе санкции за рускто жито

ЕУ го одобри 13. пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски